Александар Гуглета го засилува Пелистер?

Поранешниот ракометар на Металург, Александар Гуглета е потенцијално ново засилување во редовите на Пелистер на десно крило. Српскиот интернационалец летово си замина од Металург една година пред истекот на договорот.

Гуглета дојде во Металург во 2016 година од Војводина, а претходно играше во Раднички.

Тренерот Јошко Петковиќ веќе почна реконструкција на составот што го затекна кога дојде сезонава во Пелистер. Битолскиот тим деновиве им се заблагодари на четворица ракометари, прво беа отпуштени Владимир Зејак и Моше Карамијан, а потоа раскин на договорот добија и  Милош Рајичиќ и Вук Перовиќ.

Се вчитува...