Александар Јончевски повторно во Косово

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски неодмана ја прекина соработката со Кожув, а кариерата ќе ја продолжи во косовкиот прволигаш Башкими, потврди клубот.

За поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Кожув и Гостивар тоа воедно претставува и враќање во косовското првенство откако во дел од 2022/23 сезона ја предводше Трепча.

Интересно, дебито на клупата на косовскиот тим за македонскиот стратег ќе биде токму против неговиот поранешен клуб во ова првенството во сабота.

Се вчитува...