Александар Миленковиќ е нов голман на Охрид!

ГРК Охрид денеска договори ново засилување, а тоа е српскиот репрезентативен голман Александар Миленковиќ.

Миленковиќ потпиша договор со македонскиот ракометен суперлигаш до 2024 година, а доаѓа во тимот од Охрид по две години поминати во Израел, додека за неговата репрезентација има шест настапи.

Овој 31-годишен голман во минатото настапувал за Металопластика Шабац, Партизан, Нови Пазар, Политехника Темишвар, Макаби Киријат, Бер Шеева и уште неколку екипи.

Охрид се наоѓа на третата позиција во групата А од ракометната Суперлига со шест победи и три порази, додека пред него се Алкалоид и Вардар.

Се вчитува...