Александар Ристевски втор играч кој заминува од Брера

Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица, соопшти клубот на својата Фејсбук страница.

Истече неговиот договор, и нема да биде продолжен. Во минатото ги бранеше боите на Брегалница.
Стоперот одигра 28 меча сезонава, а постигна и еден гол – против Тиквеш.
„Ристевски ти благодариме за се и многу успеси во иднина!“, стои на објавата на „Фејсбук“.
Тоа е вториот играч кој заминува од овој тим. Претходно замина Димитар Трајков, кој во иднина ќе игра во Украина во дресот на Полисја.

Се вчитува...