Александар Ставрев ќе го суди финалето на Купот на Македонија

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе биде на ценатарот на финалето на Купот на Македонија меѓу Академија Пандев и Силекс. Дуелот ќе се игра во среда на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Помошници на Ставрев ќе му бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија ќе биде Марјан Маркоски.

Делегат на финалниот меч ќе биде Кочо Зердески. Натпреварот меѓу Академија Пандев и Силекс ќе се игра во среда со почеток во 19 часот.

Се вчитува...