Александар Стојанов повторно тренер на Беласица

После 1,5 година, Алекасндар Стојанов повторно се врати како шеф на стручниот штаб на Беласица, потврдија од струмичкиот клуб.

Стојанов ја водеше екипата во сезоната 21/22 кога тимот беше на чекор до пласман во Првата лига, каде што струмичани загубија од Скопје.

Стојанов досега ја извршуваше функцијата координатор на младинската школа, а останува да ја извршува и таа задача во иднина.

Се вчитува...