Александар Таневски нов тренер на Академија Пандев

Поранешниот тренер на Македонија ЃП, Александар Таневски, ќе биде нов шеф на стручниот штаб на македонскиот прволигаш Академија Пандев. Тој се договори за соработка до крајот на сезоната со струмичкиот клуб, со опција и за натамошно продолжување на ангажманот доколку постои интерес кај двете страни. Таневски утре треба да пристигне во Струмица и ќе го следи куп-натпреварот против Шкупи, но нема да седи на клупата на тимот. Од четврток официјално ќе го преземе составот и треба да дебитира на првенствениот дуел против Работнички во Скопје.

Таневски ќе го наследи Југослав Тренчовски, кој поднесе оставка по ремито со Борец во минатото коло. Академија Пандев имаше низа од неколку лоши резултати, а Тренчовски истакна дека со овој потег сака да го оттргне тимот од летаргијата.

Се вчитува...