Александар Трајковски четири години во Мајорка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски во наредните четири години ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Мајорка, објави клубот на официјалниот сајт. По исфрлувањето на Палермо во четвртата лига, тој стана слободен агент и одлучи да ја прифати понудата за преселба во Ла Лига ставајќи потпис на четиригодишна верност кон Мајорка.

Трајковски одигра 113 натпревари за Палермо во четири сезони, две во Серија А и две во Серија Б, постигна 20 гола и забележа 16 асистенции. За македонскиот национален тим досега има 39 натпревари и 12 гола.

Александар Трајковски ќе биде вториот Македонец кој ќе игра во Ла Лига во претстојната сезона, покрај Енис Барди кој е член на Леванте. Иако нема официјални информации, Трајковски во новиот клуб треба да заработува 650.000 евра по сезона.

 

Се вчитува...