Александар Трајковски потпишува за Мајорка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски ја напушта Италија и се сели во Шпанија. Тој треба да потпише договор со повратникот во Ла Лига, тимот на Мајорка. Според одредени информации од Италија, Трајковски ќе заработува 650.000 евра по сезона, а треба да потпише тригодишен договор со Мајорка.

Трајковски го напушти Палермо како слободен агент откако клубот беше префрлен во четвртата лига, а има понуди и од Депортиво Ла Коруња, како и од италијанските клубови Бреша и Лече. Исто така добил понуда и да замине во Обединетите Арапски Емирати, но настапот во Ла Лига секако е најпривлечен за македонскиот репрезентативец.

Мајорка се подготвува да стави отштетна клаузула од 45 милиони евра за офанзивецот.

Се вчитува...