Александар Трајковски пред трансфер во Истра

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, е пред ангажман во хрватскиот прволигаш Истра, пишуваат хрватските медиуми.

Трајковски во моментов е без клуб откако го напушти сплитски Хајдук, меѓутоа би можел да остане во Хрватска и да ја смени средината.

Преговорите се во тек, а Трајковски вчера играше против Казахстан откако влезе во вториот дел, а веќе денеска треба да отпатува во Хрватска, по што ќе се знае дали ќе се оствари овој најавен трансфер.

Се вчитува...