Езгјан Алиоски доби македонско друштво во Саудиска Арабија откако денеска Александар Трајковски ја прифати понудата од Ал Фајха. Македонскиот репрезентативец во новиот клуб ќе заработува 1.5 милиони евра годишно и во саудиското првенство ќе настапува во следните 18 месеци.
Трајковски трансферот во Ал Фајха го направи од Алборг каде потпиша на почетокот на сезоната, но не успеа да се наметне во тимот. Искусниот напаѓач претходно настапуваше и за Цементарница 55, Интер Запрешиќ, Зулте, Палермо и Мајорка.
🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/3x9NrV7Pil
— منبر الفيحاء | Manbar Al Fayha (@FaihaManbar) January 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА