Пато купува клуб во Англија

Легендарниот бразилски фудбалер Александре Пато му се враќа на фудбалот со инвестиција во англиски четвртолигаш, откриваат англиските медиуми.

Станува збор за Колчестер, клуб кој се натпреварува во Лига 2. Бразилецот веќе имал и конкретни преговори со претседателот на клубот Роби Каулинг кој изрази желба за продажба на клубот.

Засега останува непознато каква ќе биде инвестицијата, но таа ќе означи враќање на Пато во Англија каде во текот на професионалната кариера настапуваше за Челси.

Се вчитува...