Еден од најдобрите руски кошаркари, Алексеј Швед повторно ќе го облече дресот на ЦСКА Москва. 32-годишниот ја започна својата кариера во редовите на „армејците“ во 2006 година, а „црвениот“ дрес го носеше се до 2012 година пред преминот во НБА.
По враќањето од најсилната кошаркарска лига, Швед помина шест сезони во Химки каде се наметна како еден од најдобрите играчи во Европа, а во 2018 години ја доби и наградата за најдобар поентер на Евролигата.
Новиот договор со ЦСКА Москва е на една сезона со можноста за продолжување на соработката и во сезоната 2022/23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА