Алексеј Швед со рекорд во Евролигата

Химки на домашен терен загуби од Фенербахче со 64-73, но натпреварот во Москва го одбележа Алексеј Швед. Рускиот кошаркар постави нов рекорд по бројот на постигнати поени во една сезона во Евролигата.

Со 19 поени постигнати против Фенербахче, Швед стигна до бројката од вкупно 628 поени сезонава.

Досегашен рекордер во Евролигата беше поранешниот играч на УНИКС, Кит Ленгфорд со 609 поени во една сезона.

Алексеј Швед (29) за Кимки настапува од 2015 година. Претходно три години играше во НБА лигата во тимовите на Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк, а претходно беше во составот на ЦСКА и на Динамо од Москва.

Се вчитува...