Алексис е осуден во Шпанија, затоа не смее на турнеја во САД!

Жозе Мурињо се соочи со неочекуван проблем пред турнејата на Манчестер јунајтед во САД откако Алексис Санчез во последен момент отпадна од комбинација за овој дел од подготовките. Не станува збор за повреда, туку како што објави Мурињо – проблем со визата поради што Алексис нема да може да биде со остатокот од тимот во наредниот период.

Британските медиуми подлабоко го истражија случајот, па открија дека на Алексис му е забранет влез во САД бидејќи е осуден на затворска казна во Шпанија, поради даночно затајување во периодот додека настапуваше за Барселона. Казната од 16 месеци затвор е условна, но се уште не е истечена бидејќи е изречена минатиот февруари, а во таква ситуација американските власти се максимално строги – нема никаква шанса да издадат виза, макар и на светски познат фудбалер.

Манчестер јунајтед нјапрвин ќе одигра две полесни контролни средби со Америка од Мексико и со Сан Хозе, по што во рамките од „Интернационалниот куп на шампиони“ ќе се сретне со Милан, Ливерпул и Реал Мадрид.

Се вчитува...