Скапо платен, многу големи очекувања, а мал придонес во тимот. Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез дојде како огромно засилување на „Олд Трафорд“ од редовите на Арсенал, но не успеа да се наметне како еден од лидерите во составот на Жозе Мурињо. Се вклопи во сивилото на Манчестер јунајтед, кој и оваа сезона е далеку од тим кој би можел да се бори за шампионската титула.
Кога се бараат виновниците, тогаш први на удар се најскапите ѕвезди, а Алексис Санчез заработува огромни 300.000 фунти неделно, најмногу во целата Премиер – лига во овој момент. Оттаму и желбата на раководството на Манчестер јунајтед да го продаде и да спаси дел од вложените средства.
Пари Сен Жермен желно ја исчекува разврската и планира да го доведе крилниот напаѓач уште во јануари. За „светците“ парите не се проблем, а тренерот Томас Тухел планира Санчез да биде можеби и наследник на Нејмар, за кого се почесто се зборува дека ќе се врати во Шпанија, и тоа во редовите на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА