Алексис Санчез го пропушта мега-дуелот со Јувентус

Манчестер јунајтед ќе биде ослабен на претстојниот меч од Лигата на шампионите против Јувентус, откако Алексис Санчез поради повреда отпадна од комбинација за настап на овој дуел. Чилеанецот влезе во игра во финишот од саботното дерби со Челси, но денеска не тренираше со „црвените ѓаволи“, по што самиот Жозе Мурињо потврди дека Санчез нема да може да игра против „стара дама“.

„Алексис не е подготвен, тоа не е никаква тајна и нема зошто да криеме“ – истакна Мурињо на денешната прес-конференција.

Оваа информација доаѓа по последните пишувања на британските медиуми дека Алексис е несреќен во Манчестер и ќе бара во јануари да си замине од „Олд трафорд“. Санчез ја загуби улогата на првотимец на последното дерби со Челси, на кое Мурињо реши да им даде предност на Марсијал и на Рашфорд како поддршка за Лукаку.

Се вчитува...