Алексис Санчез му ветил на Гвардиола дека ќе го засили Манчестер сити

Почнаа потресите во Премиер – лигата. По најавениот трансфер на Ромелу Лукаку во Манчестер јунајтед, и враќањето на Вејн Руни во Евертон, тектонско пореметување се очекува да направи и трансферот на Алексис Санчез во Манчестер сити. Чилеанскиот интернационалец, според португалскиот весник „О’Жого“ му ветил на менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола, дека ќе се пресели на „Етихад“.

Тие имаат одлични релации уште од периодот кога Гвардиола од Удинезе го доведе во Барселона, па сега би можела да се случи нова соработка. Санчез конечно одлучил да го напушти Арсенал, а Манчестер сити за неговиот трансфер ќе плати 56,5 милиони евра. „Топчиите“ и немаат некои големи адути со оглед дека Санчез следната сезона би можел да замине без отштета.

Алексис Санчез од Манчестер сити ќе ја добие платата што не му ја даваат во Арсенал, 400.000 евра неделно, и ќе може со овој тим да игра во Лигата на шампионите, можност што ќе ја нема доколку остане на „Емирати“. Трансферот се очекува да биде комплетиран во наредните десетина дена.

Се вчитува...