Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед размислува за продажба на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Тој дојде како супер-засилување од редовите на Арсенал, заработува огромни 350.000 фунти неделно, а на теренот е само едно големо разочарување. Во периодот кога „црвените ѓаволи“ играат очајно и бележат резултати најслаби во последните 27 години, на удар се сите, а посебно најплатените од кои се очекува и најмногу.
Алексис Санчез потпиша договор на 4,5 сезони со Манчестер јунајтед и стана најплатен фудбалер во Премиер – лигата. Но, очигледно дека не ги исполни очекувањата, па Жозе Мурињо и раководството на клубот веќе размислуваат за негова продажба. Најреално е тој да замине во Италија, за него постои интерес од Јувентус и од Наполи, но голем проблем ќе претставува неговата годишна плата од 23 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА