Алексис Санчез: Одлучив, сакам да играм во Лигата на шампионите

Англискиот премиерлигаш Арсенал ја исчекува конечната одлука на чилеанскиот интернационалец Алексис  Санчез, за тоа дали ќе остане на „Емирати“, или пак ќе го напушти клубот. Тој е се уште на одмор, поради настапот што го имаше со селекцијата на Чиле на Купот на Конфедерациите во Русија, но се чини дека веќе ја донел одлуката.

„Донесов одлука од поодамна. Ќе ја чекам реакцијата на Арсенал. Тие треба да го имаат конечниот збор. А, јас секако сакам да играм во Лигата на шампионите, тоа е јасно“, изјави Алексис Санчез.

Напаѓачот побара 400.000 фунти неделна плата за да остане во Арсенал, барање што секако не може даму биде прифатено во целост. Целата сапуница ја следи Манчестер сити, кој е подготвен да го доведе Чилеанецот во своите редови.

Се вчитува...