Алексис Санчез опериран, ќе паузира три месеци

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез нема да биде дел од тимот на Интер во наредните три месеци. Тој денеска беше опериран, откако го повреди скочниот зглоб на левата нога, а деталните медицински прегледи покажаа дека хируршкиот зафат е неопходен.

Санчез се повреди на пријателскиот меч меѓу Чиле и Колумбија (0-0), а вчера во Барселона го мина деталните лекарски прегледи кои покажаа дека сепак ќе мора да замине „под нож“. Дијганостицирана е делумна дислокација на тетивата од левиот скочен зглоб. Рехабилитацискиот процес ќе трае околу три месеци.

Се вчитува...