Алексис Санчез: Тоа што сега ќе го жртвуваш, ќе заврши со големо достигнување


Ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез, остана на „Емирати“ откако клубот не дозволи да биде продаден во летниот преоден рок, иако влегува во последната година од неговиот актуелен договор. За него постоеше голем интерес од Манчестер сити, кој понуди 60 милиони фунти, но менаџерот Арсен Венгер не сакаше да го продаде на ривал од Премиер – лигата.

По настапите за селекцијата на Чиле, Алексис Санчез првпат го истакна и својот став по завршувањето на летниот преоден рок.

„Ќе сфатиш дека тоа што сега ти изгледа како жртвување, ќе заврши со најголемото достигнување во твојот живот“, напиша Алексис Санчез на Инстаграм.

Неговата филозофска мисла сега јавноста ќе треба да си ја толкува на свој начин.

Се вчитува...