Алексов и Ричлиев продолжуваат со Џио Струмица

Стефан Алексов и Костадин Ричлиев ги продолжија договорите со ОК ЏИО Струмица. Ланското засилување од УГД ШТИП – Стефан Алексов во новата сезона ќе игра на променета позиција, односно веќе нема да настапува како среден блокер туку како коректор. Костадин Ричлиев е либеро кое ја продолжува соработката со  тимот,  а притоа тренерски ќе ја помага работата во младите категории.

Џио Струмица кој сезонава ќе се натпреварува прокај во домашниот шампионат и на европска сцена го задржа комплетниот состав од минатата сезона дополнуително засилувајќи се со уште неколку звучни имиња.

 

Се вчитува...