Алексовски промовиран во дресот на Шкупи: Двегодишен договор со чаирчани!

Како и што се очекуваше, веднаш по вчерашното раскинување на договорот со Вардар, македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски денеска и официјално промовиран во дресот на Шкупи.

По ангажманот на Муарем Муарем, Амир Билали и Артан Велиу, Шкупи го донесе и четвртото засилување за новата сезона. 23-годишниот Алексовски потпиша двегодишен договор со чаирчани, до јуни 2020 година, со можност потоа за продолжување на уште една.

„Среќен сум што ќе бидам дел од еден амбициозен проект на Шкупи. Тоа што ме принуди да дојдам тука е разговорот со раководството на клубот кое има навистина одлични идеи за развојот на овој клуб. Секако верувам дека ќе ја оправдам довербата на стручниот штаб и ќе ги оправдам очекувањата на сите навивачи на Шкупи пред кои е предизвик да се игра“ – истакна Алексовски по промоцијата во новиот дрес.

Се вчитува...