Алексовски сериозно го повредил коленото, па вратен во Скопје

Со несакани проблеми се соочил голманот на Шкупи, Игор Алексовски за време на подготовките на тимот во Анталија. Алексовски заработил сериозна повреда на коленото поради што итно, на нови испитувања, е вратен во Скопје.

„За жал, во вторникот на попладневниот тренинг голманот Игор Алексовски заработи сериозна повреда на коленото. И покрај тоа што ги направи првите лекарски испитувања веднаш во Турција, по консултации со лекарскиот тим беше одлучено да се врати во Скопје каде ќе следат нови испитувања за да прецизно се дознае тежината на повредата“ – информираат од ФК Шкупи.

Алексовски денеска веќе пристигнал во Скопје, а од клубот нагласуваат дека по новите лекарски испитувања потоа ќе следат прецизни информации за неговата повреда.

Се вчитува...