Ален Јашаровски го засили Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи доби ново засилување во навалната линија. Тимот од Чаир потпиша еднгодишен договор со Ален Јашаровски, кој минатата сезона настапуваше во дресот на Македонија ЃП.

„Ми претставува чест да бидам дел од Шкупи, тоа клуб со голема традиција. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека ќе дадам полн придонес за остварување на целите на клубот“, истакнува новото засилување на Шкупи.

Јашаровски веќе се приклучи во работата со своите нови соиграчи.

Се вчитува...