Ален Прост нема дилема: Алонсо е најдобриот возач во Ф1

Четирикратниот шампион во Формула 1 и неизвршен претседател на тимот Алпин, Ален Прост, потенцираше дека Фернандо Алонсо, кој вчера се искачи на подиумот на трката за Големата награда на Катар е најдобриот возач во Формула 1.

Благодарение на успехот на Алонсо и петтото место на Естебан Окон, Алпин веќе успеа да му побегне на Алфа Таури во генералниот пласман и се надева на уште подобра сезона 2022.

„Од моја гледна точка, Алонсо е најдобриот пилот кој се натпреварува во моментов во Формула 1. Начинот на кој ја гледа трката, ги чувствува гумите, дава фидбек за нешто неверојатно“, изјави Прост.

Се вчитува...