Ален Рустемовски испишува нови страници на македонскиот бокс – Обезбеден медал на Европското првенство! (ВИДЕО)

Најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски испиша нова страница за македонскиот бокс откако обезбеди најмалку бронзен медал на Европското првенство кое се одржува во Софија, Бугарија.

Рустемовски во четвртфиналната борба го победи убедливо со 5-0 ерменскиот боксер Артур Базејан.

Со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Софија, тој обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија во категоријата до 60 килограми.

„Но Ален не застанува тука. Пред него е нова борба, а желбата е јасна — да се врати дома со златниот медал!“ – порачуваат од Боксерската федерација на Македонија.

Се вчитува...