Алерги разочаран по ремито со Салернитана: Не смееме вака во Куп финалето

Јувентус го запиша и петтиот натпревар во низа завршен со нерешен резултат откако во 36. коло од Серија А ремизираше со 1-1 против „фенерџијата“ Салернитана и тоа спасувајќи се од пораз со гол во 92. минута од средбата.

Тренерот Масимилијано Алегри не беше задоволен од прикажаното на неговите избраниците велејќи дека тимот мора да биде на повисоко ниво доколку сака да стигне до трофејот во Купот на Италија.

„Почнавме релативно добро, но потоа следеше една грешка, а потоа станавме нефокусирани и не ги почитувавме нашите позиции. Не требаше да примиме гол од статична позиција. Знаевме дека тоа беше силата на Салернитана.

Мораме да бидеме трпеливи и да играме како што треба, да не шутираме кога не треба, туку да додаваме. Мораме да бидеме брзи и да не избрзуваме. Првите минути беа исто како на натпреварот со Рома. Не користевме добро одредени ситуации поради погрешни одлуки. Но, очекувам тимот да се претстави на едно сосема друго ниво на финалето против Аталанта“, изјави Алегри.

Натпреварот за Куп титула помеѓу Интер и Аталанта ќе биде одигран во среда на „Стадио Олимпико“.

Се вчитува...