Алфонс Ареола останува во ПСЖ до 2023 година

Голманот Алфонс Ареола ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен до 2023 година, објави францускиот првак. Тој успеа да ја добие „битката“ со Џанлуиџи Буфон за голманската позиција во составот на „светците“, а со оглед дека е многу помлад од Италијанецот, го сметаат за светла иднина на клубот. Тренерот Томас Тухел предложил да му биде понуден нов долгорочен договор, што раководството на ПСЖ и успеа да го реализира.

25-годишниот Ареола беше дел и од фудбалската репрезентација на Светското првенство во Русија, која го освои мундијалскиот трофеј.

 

Се вчитува...