Али Адем се враќа во Арис, па продолжува во Верија

Фудбалерот од средниот ред, и младински репрезентативец Али Адем, се враќа во таборот на Арис, но веднаш заминува на нова позајмица. Негов нов клуб ќе биде грчкиот второлигаш Верија, кој е второпласиран на табелата и на пролет ќе брка пласман во „елитата“ на Грција.

Адем досега беше дел од Шкупи, исто како позајмен фудбалер, но Арис сега сака да го има поблиску, за да може да го следи неговиот развој.

Адем беше поранешен член на Вардар, од каде замина во Арис, и мина таму шест месеци, по што се врати во Македонија како позајмен во Шкупи. Сега Арис го повлече во своите редови, и оди на нова позајмица, овојпат во Грција.

Се вчитува...