Алили не успеа ни преку репасажот до битка за медал на Светското првенство во борење

И последниот македонски адут за медал на Светското првенство во борење кое се одржува во Белград, Србија, не успеа да обезбеди меч за место на пиедесталот.

Бесир Алили во категоријата до 61 килограми загуби во репасажот од Азербејџанецот Ислам Базарганов со 5-1 на поени.

Со тоа не успеа да се избори за меч за бронзениот медал на шампионатот.

Македонските борачи имаа незабележителен настап на Светското првенство без ниту најмала можност за освојување медал.

Се вчитува...