Македонскиот фудбалски репрезентативец Исник Алими имаше одличен настап за својот Сепси во ремито 2-2 против лидерот во романскиот шампионат Стеауа Букурешт во 6. коло од плеј-офот.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Коман во 9. минута. Домаќините израмнија на 1-1 преку Варга во 22. минута, а асистент на овој гол беше токму нашиот Алими. Микулеску донесе ново водство за гостите (1-2), додека конечните 2-2 беа дело на Стефан.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА