Aлими експресно ја враќа Македонија во игра против Чесите (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија израмнува на 1-1 против Чешка на гостувањето како дел од пријателскиот натпревар во јунскиот прозорецн на УЕФА.

Откако Чесите поведоа преку Шик од сомнително досуден пенал во 60. минута, на 1-1 израмни Исник Алими по само пет минути игра.

Александар Трајковски одлично шутираше од далечина. Неговиот удар заврши во конструкцијата на голот на Чесите, а во целата ситуација најдобро се снајде Алими кој од непосредна близина израмни на 1-1, постигнувајќи го својот прв гол во македонскиот дрес.

Се вчитува...