Алими потпиша нов тригодишен договор со Шкендија

Еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат, Арменд Алими ја продолжи верноста со тетовска Шкендија за нови три години.

Шкендија успеа да го зачува фудбалерот од средниот ред, потпишувајќи нов договор сега со важност од две години, а со можност да биде продолжени за уште една до јуни 2021 година.

Арменд Алими претходно во својата кариера има настапи и за кумановски Милано, хрватска Истра, шведскиот прволигаш Еребро, а пред да дојде во Шкендија беше дел и од кипарските Неа Саламис и Ермис. Има и 14 настапи за македонската репрезентација.

Се вчитува...