Алими: Со поддршката од навивачите и до поубедлив триумф во Скопје

Капитенот на Шкендија, Арменд Алими смета дека со поддршка од навивачите на утрешниот реванш дуел од првото квалификациско коло во ЛШ против естонски Номе Калју македонскиот шампион мора да дојде и до поубедлива победа.

„Нема лесни ривали во Европа, нема опуштање, ќе играме максимално сериозно, се подготвуваме за нова победа. Ќе треба да одиграме уште подобро, ќе ја имаме и поддршката од фановите на реваншот. Доминиравме на првиот меч, но треба да ја подобриме реализацијата за да славиме поубедлив триумф во Скопје“ – истакна Алими на прес-конференција пред утрешниот дуел.

Шкендија и Номе Калју реванш натпреварот од 1. квалификациско коло за ЛШ го играат утре од 17 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

Се вчитува...