Алиоски: Арсенал го победил Јунајтед? Па тоа не е тешко, ќе видат со нас…

Езгијан Алиоски е оптимист дека Лидс може да го изненади Арсенал во претстојниот натпревар од третото коло во ФА Купот на Англија. И не само тоа, туку македонскиот репрезентативец во интервјуто како најава за овој дуел му фати сеир на Манчестер Јунајтед.

„Дали е ова вистински момент да се игра против Арсенал, бидејќи го победиле Манчестер Јунајтед? Па тоа не е голема работа, и ние би го победиле Јунајтед ако игравме против оваа екипа“ – прокоментира Алиоски.

Според македонскиот интернационалец, најважно од се ќе биде фудбалерите на Лидс без страв да влезат во натпреварот против Арсенал.

„Ние сме добар тим, колектив што верува во сопствените квалитети. Се што треба е да излеземе на терен и да сториме се за да му ја отежниме задачата на фаворитот. Не смееме да влеземе со страв во натпреварот, напротив, мораме да веруваме во себе. Не треба да размислуваме против кого играме, само да излеземе на терен и да покажеме се што знаеме. Ако го сториме тоа, Арсенал ќе има тешка задача“ – изјави Алиоски.

Се вчитува...