Алиоски асистент за победа на Лугано над Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, беше еден од творците на победата на Лугано против Грасхоперс во швајцрскиот шампионат.

Џани беше асистент за вториот, победнички гол за домашниот тим во 77. минута. Му асистираше на Бехренс, кој го даде победничкиот погодок, со кој Лугано стигна до вториот триумф сезонава.

Алиоски му се приклучи на Лугано на почетокот на сезоната, и засега игра стандарно во својот некогашен тим.

Се вчитува...