Алиоски дебитираше со триумф за Фенербахче во Виена, Тричко со АЕК и Ракип со Малме со една нога во групите од ЛЕ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски имаше извонредно деби за Фенербахче, со триумф од 0-2 завршувајќи го гостувањето против Австрија Виена во првиот натпревар од плеј-офот за место во групната фаза од Лигата на Европа.

Алиоски го стартуваше натпреварот во првиот тим и одигра 79 минути на гостувањето во Виена.

Од него и почна акцијата уште во 8. минута за првиот погодок, по која Фенербахче со голот на Кинг ја најави големата победа за пта кон групите од Лигата на Европа.


А, на еден чекор од групната фаза се и Иван Тричковски со АЕК Ларнака по победата од 1-2 на гостувањето против Днипро, како и Ердал Ракип со шведски Малме по победата од 3-1 над Сиваспор. Ракип одигра 70 минути во првиот тим на Малме.

Се вчитува...