Алиоски добива соиграч од Баерн Минхен

Лидс одлично ја стартуваше премиерлигашката сезона, забележа две победи во почетните три рунди, но Марсело Биелса е свесен дека му се неопходни нови фудбалери за да го издржи пеколниот ритам. Токму затоа аргентинскиот стратег притиска за освежување на средниот ред, каде најновото име речиси сигурно ќе пристигне од европскиот првак Баерн Минхен.

Станува збор за Михаел Куизанс, францускиот играч за врска кој минатото лето пристигна од Борусија Менхенгладбах за 10 милиони евра, но не доби премногу шанси ниту кај Ниту Ковач, ниту кај Ханси Флик. Биелса сепак препознал потенцијал во овој 21-годишен фудбалер, па веќе е испратена и првата понуда во висина од 20 милиони евра. Баварскиот гигант не ја одбил истата и преговорите се во тек, а се очекува до крајот на преодниот рок Куизанс и официјално да се пресели во екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Баерн ќе мора да доведе нов фудбалер за врска во следниот период бидејќи баварскиот гигант веќе остана без Тијаго Алкантара, на излезна врата се наоѓа и Хави Мартинез, а доколку си замине и Куизанс тренерот Флик ќе нема преголем избор на првотимци за средниот ред на тимот.

Се вчитува...