Алиоски дочекан со цвеќе, за добредојде во Саудиска Арабија (фото и видео)

Езгијан Алиоски попладнево присигна во Саудиска Арабија, каде македонскиот репрезетативец ќе го мине наредниот дел од кариерата откако потпиша договор со Ал Ахли.

Најдобриот тим во Саудиска Арабија летово не жали пари на врвни засилувања, а едно од нив сигурно ќе биде и Алиоски, кој по заминувањето од Лидс одби неколку интересни понуди за да се пресели во Ал Ахли.

Раководството на клубот со букет цвеќе го дочека македонскиот ас на аеродромот, по што следеше и кратко фотографирање, а веќе од утре се очекува Алиоски да почне со тренинзи со новата екипа.

Се вчитува...