Алиоски двоен асистент во неверојатниот меч со девет гола против Бирмингем

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски запиша две асистенции во триумфот од 4-5 на Лидс на гостувањето против Бирмингем во 25. коло од Чемпионшиплигата.

Алиоски беше асистент на вториот и третиот погодок за Лидс во натпреварот кој беше решен дури со судиското продолжение. Најпрво во 91. минута домашните израмнија на 4-4, а потоа во 95. минута Лидс со автоголот на Хардинг дојде до победата.

Се вчитува...