Алиоски е омилен кај навивачите на Лидс – Интернетот полуде по последната фотографија (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски е најомилениот фудбалер на навивачите на Лидс Јунајтед. Тој покрај одличната игра на теренот, со одличното расположение надвор од него каде што е секогаш подготвен за забава секој ден ги освојува срцата на навивачите на легендарниот клуб.

Последната фотографија на која се наоѓа стручниот штаб на тимот предводен од менаџерот Марсело Биелса кој доби признание за победата од 3-0 против Астон Вила предизвика огромно внимание. Покрај стручниот штаб се најде и само еден фудбалер на тимот, кој одлучи да се пошегува, а секако тоа е нашиот Алиоски. Фановите на Лидс веднаш полудеа на Твитер, а буквално сите коментари се посветени за популарниот „Џани“.

 

 

Се вчитува...