Алиоски елиминиран од Лига-купот, Лингард е херојот на Манчестер јунајтед

Лидс јунајтед на нашиот Езгјан Алиоски не успеа да приреди уште едно изненадување во Лига-купот на Англија откако вечерва беше елиминиран на гостувањето против Лестер со 3-1. Македонскиот репрезентативец воопшто не влезе во игра откако неговиот тренер направи две замени при резултат 1-1, за Лидс да прими два гола во последните дваесетина минути, што ги постигнаа Слимани и Марез.

Манчестер јунајтед и со комбиниран состав успеа да слави на гостувањето против Свонси со 0-2. Рашфорд доби шанса како централен напаѓач, но улогата на херој му припадна на Џеси Лингард, кој ги постигна двата погодоци за четата на Жозе Мурињо.

Кристал палас доживеа бламажа и во ова натпреварување губејќи со убедливи 4-1 на гостувањето кај нисколигашот Бристол сити, а пласман во следната рунда обезбеди и Бурнемаут, со триумфот од 3-1 над Мидлсброу.

Се вчитува...