Алиоски го спаси Ал Ахли од пораз во 95. минута (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски и неговиот Ал Ахли ремизираа со 1-1 против Ал Фајха на Алексаднар Трајковски во 21. коло од првенството на Саудиска Арабија, а македонскиот интернационалец донесе бод за својот клуб.

Имено, откако Мадеш донесе водство за гостите во 60. минута по неверојатен слободен удар од повеќе од 30 метра, репрезентативецот на Македонија во петтата минута од судиското продолжение реализираше од белата топка за конечниот резултат.

За Алиоски ова е петти гол во саудиското првенство во 20. одиграни средби. Притоа левиот бек забележа и пет асистенции.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...