Алиоски и Фенербахче со „петарда“ за Аланија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и Фенербахче продолжуваат со победите во турскиот шампионат, славејќи со убедливи 5-0 против Аланија во својот шести натпревар сезонава.

Фенер, на тој начин, дојде и до четвртата победа со која се приклучува кон врвот од табелата во Турција.

Алиоски го одигра целиот натпревар во одбраната на повеќекратниот турски шампион, а домашните до победата дојдоа со головите на Роси, Густаво Хенрике и Креспо уште во првото полувреме, а во второто полувреме погодија и Валенсија и Кавечи.


Се вчитува...