Лидс Јунајтед на македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски со победа ја стартуваа новата сезона во Чемпионшип. Тие во првото коло нагости беа подобри од екипата на Бристол Сити.
Македонскиот репрезентативец шанса доби во второто полувреме откако во 79. минута влезе на местото на Бери Даглас. Стрелци на погодиците за Лидс беа Пабло Хернандез во 26. минута, Патрик Бамфорд во 57. и Џек Харисон во 72. минута. Почесниот погодок за домаќините го постигна Андреас Вајман во 79. минута.
Во следното коло кое на програмата е на 10. август, Лидс ќе го пречека Нотингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА