Алиоски и Лидс триумфално со Свонси – Една победа ги дели од влез во елитата (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски и Лидс Јунајтед го совладаа Свонси нагости со 0-1 во 43. коло од Чемпионшип. Нашиот интернационалец доби шанса на стартот од второто полувреме, а херој на гостите беше Пабло Хернандез кој во 89. минута постигна „злато“ вреден гол со кој тимот е само на чекор до влез во англиската елита.

Со победата Лидс ја задржа предноста на првенствената табела од четири бода пред второпласираната ВБА и и шест пред третиот Брентфорд кој од водечкото трио е тим со најдобра форма. Во следното коло Алиоски и соиграчите против „фенерџијата“ Барнсли ќе имаат шанса да обезбедат промоција во Премиер-лигата.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...