Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во второто коло на Отвореното првенство на САД во Њујорк.
Новак имаше големи физички проблеми, повраќаше, плачеше и едвај стоеше на нозе на мечот против аргентинскиот тенисер Маријан Навоне кој го загуби во пет сета.
„Па, чувството на теренот за мене… Тоа е нешто со кое се справувам, за жал, речиси на секој натпревар оваа година. Знаете, гадење, повраќање, сериозни проблеми… И потоа целото мое тело, знаете, почнува практично да се распаѓа – грчеви, болка и… Грбот едноставно откажа на крајот, како и рамото и коленото. Не можев… Не можев да го завршам натпреварот. Заостанував во четвртиот сет. Само се мачев цело време, од четвртиот гем на натпреварот. Не сакам ништо да му одземам од победата. Честитки до него, тој е одличен човек, борец, но не уживав во мечот“, рече Ѓоковиќ низ солзи, по мечот.
Може ли да се реши овој проблем?
„Не знам. Се обидувам, се обидувам. Ќе видиме.“
Исто така, беше прашан за лекциите што може да ги научи.
„Не знам, не би навлегувал толку длабоко во моментов. Само се обидувам да видам што навистина се случува и колку далеку можам да одам на овој начин.“
Сигурно размислуваше за предавање.
„Можеби. Но, потоа го добив сетот, потоа во третиот… И потоа си реков: „Добро, знаете, можеби има шанса.“ И… да, веќе не сакав да се предадам во четвртиот или петтиот сет, туку да го завршам мечот“.
Ова е неговиот прв пораз во првото коло на Гренд слем од 2006 година.
„Навистина не размислувам за тоа. Знаете, секако дека сум многу горд на сите достигнувања од минатото. Сега е така, свеж сум надвор од теренот и сè уште се обидувам да го средам моето тело како што треба.“
Навивачите те поддржуваа во тешките моменти.
„Да, беа супер фини. Мислам… Многу сум благодарен што го доживеав тоа. Кога станува збор за самиот натпревар и општото чувство за тоа како се чувствуваше моето тело и како играв… Навистина не беше пријатно. Денес го мразев секој момент што го поминав на теренот. Од перспектива на публиката и поддршката, искрено, беше неверојатно. Она што ми го дадоа на крајот навистина ми го допре срцето.“
Mariano Navone defeats 24-time Grand Slam Champion Novak Djokovic in five sets. pic.twitter.com/BE8Dn3qC8j
— US Open Tennis (@usopen) August 31, 2026
Беше прашан и како го преживеа сето ова.
„Па, не знам, не преживеав што се однесува до поразот, за жал не преживеав. Па, што има. Кога ќе ставите сè во поголема перспектива, има многу, многу за што да бидам благодарен. Тоа е тоа. Тоа е она што се обидувам да си го кажам сега и на што треба да се фокусирам, ако почнам да зборувам за сè друго, нема да заврши добро“, заклучи Новак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
