Одбиена понуда на Ливерпул од 58 милиони евра за Сар

Ливерпул се обидува да го доведе Исмаила Сар од Кристал Палас.

Фабрицио Романо тврди дека Ливерпул испратил официјална понуда вредна околу 58 милиони евра, но Палас ја одбил. 28-годишниот Сар сака трансфер на Енфилд, а Ливерпул во моментов го смета за прв избор за засилување на крилната позиција.

Палас не сака да го ослободи сенегалскиот репрезентативец за понудената сума, но во исто време проверуваат можни замени во случај Ливерпул да испрати повисока понуда.

Се вчитува...